Skip to main content
Скопје

Митовски со жителите на Хиподром 2: Идеи и решенија за поубаво маало

13/08/2025  23:20

Кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, вечерва одржа маалска средба со жителите на Хиподром 2. Настанот, како што истакна тој, бил исполнет со конструктивни идеи, искрени разговори и позитивна енергија.

Граѓаните споделиле предлози и укажале на проблеми чие решавање, според Митовски, ќе придонесе за подобрување на секојдневниот живот во маалото – од инфраструктурни решенија до нови содржини и иницијативи за поуреден и побезбеден простор.

„Голема благодарност до сите што присуствуваа и активно се вклучија во дискусијата. Вашиот глас е важен и ќе биде дел од нашата програма за развој на општината. Продолжуваме – секој ден во ново маало!“, напиша Митовски на социјалните мрежи.