
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, преку својот фејсбук профил упати остри пораки до јавноста поради големата полициска присутност во градот. „Градот личи на окупиран! Полициски возила на секој агол, како да е воена состојба! Но нека знаат, ниту полиција, ниту закани, ниту сеење страв нема да ја скршат волјата на паланчани! Кога народот решава, нема сила што ќе го запре!“, порача Митовски.
Градоначалникот ја истакнува решеноста на граѓаните да се борат за своите права и слобода, нагласувајќи дека волјата на народот е над секоја закана.