Skip to main content
Скопје

Митевски одобрува пренамена на земјиште за штета на граѓаните за богатење на инвеститорите, велат од Левица

03/02/2026  12:21

Соопштение на Левица Аеродром:

Одлуката со која Општината на инвеститори им дозволува пренамена на земјоделско земјиште во градежно не е во интерес на граѓаните, туку напротив, директно им штети. Ваквата одлука претставува „подарок” за инвеститорите, повторно на сметка на граѓаните, рече советникот Дејан Ристовски на седница на Совет на Општина Аеродром.

Ристовски истакна дека инвеститорите купуваат земјоделско земјиште по многу ниски цени, а потоа со барања за пренамена во градежно цената на земјиштето значително расте и на тој начин остваруваат енормни добивки кои се исклучиво во нивна корист.

Конкретното земјиште е во реон кој нема соодветни услови за изградба, нема можности за проширување на патната инфраструктура, ниту пак соодветна водоводна инсталација со што би се влошил квалитетот на живот на жителите во оваа населба.

Советниците на Левица порачуваат дека ќе продолжат да се спротивставуваат на одлуките кои го ставаат интересот на инвеститорите пред интересот на граѓаните.