Skip to main content
Македонија

Митева: Изминатата година инситуциите ги засилија процедурите и ја вратија функционалноста на системот

16/03/2026  21:16

Во „Ноќно студио“ на 4TV портпаролката на Владата Марија Митева истакна дека системот долги години се покажувал како нефункционален но дека во последната година институциите го искористија периодот да го вратат системот на здрави основи.

„Владата и институциите го искористија овој период да ги збијат редовите, да ги засилат процедурите и да ја вратат функционалноста на системот. Уште во април беше донесена измената на Законот за прекршоци со која се забранува употреба на пиротехнички материјали во затворен објект како дискотека кабаре и слично. Се зголемија инспекциските надзори, се одземаа одредени лиценци за ноќни клубови. Институциите работеа со цел да се подигне безбедноста но и никогаш да не ни се повторат вакви трагедии“ порача Митева.

Таа направи и споредба како се контролирале угостителските објекти во 2024 и во 202 година.

„Во изминатата 2025 година беа спроведени над 4000 инспекциски надзори, издадени над 1700 решенија за прекршочни платни налози и одземени се над 160 лиценци. Додека во 2024 имало околу 2000 надзори, околу 170 платни налози и 30ина решенија за забрана за вршење дејност“ посочи Митева.