Skip to main content
Скопје

Митески и Јаневска им поделија таблети и униформи на учениците во Аеродром

02/09/2025  14:19

Општина Аеродром и оваа година набави 915 таблети за четвртоодделенците, како и 7 500 бесплатни униформи за сите ученици во основните училишта.

Таблет за секое дете е проект што се спроведува веќе четврта година по ред, со цел дигитализација на образовниот процес, доближување на новата технологија до учениците, како и нејзина практична примена во наставата.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска им поделија таблети и училишна облека на учениците од ООУ „Блаже Конески“ кое оваа година има најголем број првоодделенци во Македонија.

Ова училиште, кое е едно од најстарите во Општина Аеродром, по цели 70 години за првпат добива целосно нов лик.

Митески и Јаневска по доделувањето на таблетите и на униформите, извршија увид во градежните активности за доградба на училиштето, што претставува капитален инфраструктурен проект во висина од 200 милиони денари со поддршка од Владата.

Првата фаза од доградбата опфаќа изградба на нови 18 училници, голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, библиотека, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други сервисни простории, а новиот објект ќе добие и современа енергетски ефикасна фасада. 

Ова е само една од бројните инвестиции на Општина Аеродром во областа на образованието со што се создаваат уште подобри услови за сите ученици, со што се придонесува за правилен раст и развој на идните генерации.