
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, каде што го коментираше најавениот договор со Соединетите Американски Држави, според кој Македонија би отстапила 0% царини за американските производи.
Во однос на најавите, Миноски истакна дека глобалната трговска сцена во последните години е исклучително динамична и непредвидлива.
„Гледаме дека ситуацијата во САД неколкупати се менуваше, имаше и одлуки од Врховниот суд кои влијаеја врз трговските политики. Во такви услови е тешко да се даваат конечни оценки“, посочи тој.
Тој потсети дека во 1990-тите години, со формирањето на Светска трговска организација по завршувањето на Уругвајската рунда преговори, глобализацијата го достигна својот врв, објави 4news.mk Но денес, како што нагласи, сведоци сме на промена на економските парадигми – раст на кинеската економија, нови геополитички тензии и зголемување на царинските и нетарифните бариери.
Според Миноски, ваквите глобални трендови директно влијаат врз македонската економија, која е мала и високо отворена.
„Нашата надворешно-трговска размена е значајна во однос на големината на економијата, објави 4news.mk За нас е исклучително важно да имаме пристап до поголеми пазари со што помалку бариери“, истакна тој.

