
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, продолжува со имплементација на мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за потрошена електрична енергија. Овие мерки се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи.
Министерството донесe Решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и Решенија за стекнување на финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кој згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство, Согласно протоколот потпишан со ЕВН Хоме на месечна основа, најдоцна до 5-ти во месецот, контакт лицата од МЕРМС до контакт лицата од ЕВН доставуваат листи на корисници на кои треба да им се намалат фактурите за потрошена електрична енергија за актуелниот месец согласно Програмата.
Листите ги доставуваат до контакт лицата во електронска форма, на e-Mail адресата kontakt_ranlivi@evn.mk.
Секоја од листите треба да биде во Excel формат (.xls / .xlsx) и да содржи:
– Број на донесено Решение од Министерството,
– Број на корисник од базата на ЕВН Хоме
– Број на место на потрошувачка и
– Износ на директна финансиска поддршка.
По доставување на листите, а најдоцна во рок од 3 работни дена, Министерството врши уплата на вкупниот износ на директна финансиска поддршка за тој месец на ЕВН Хоме. Информација за налогот за исплата ќе се достави на e-Mail kontakt_ranlivi@evn.mk.
ЕВН Хоме на месечно ниво, најдоцна 3 дена од датум на реализираната на корисниците од листата им го одобрува дефинираниот износ на директна финансиска поддршка, и го евидентира како претплата на бројот на корисник.
Претплатата ќе биде видлива во евиденцијата на ЕВН Хоме и ќе биде употребена за намалување на износот за плаќање на следната фактура за потрошена електрична енергија. Намалувањето ќе биде прикажано како “Износ во претплата“ во фактурата.
Доколку износот во претплата е поголем од вкупниот износ за плаќање на фактурата, преостанатиот износ во претплата по основ на директна финансиска поддршка ќе биде употребен за намалување на износот за плаќање на следните фактури, сè до целосно исцрпување.
По евидентирање на претплатите на броевите на корисниците, ЕВН Хоме до контакт лицата од МЕРМС на email адресите доставува вкупен Извештај на евидентирани претплати за сите категории на корисници од овој Јавен оглас.
Со оваа иницијатива, како што соопштуваат од министерството, институциите го потврдуваат својот ангажман во насока на создавање социјално одговорно општество и обезбедување поддршка таму каде што е најпотребна.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи активно да работи на реализација на програмите кои го олеснуваат пристапот до енергија за ранливите категории, во партнерство со сите релевантни чинители, додаваат од таму.