Skip to main content
Македонија

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

02/10/2025  22:06

Пишува: проф д-р Иван Анастасовски

Едно е сигурно, спортот денес има значајна улога во животот на милиони луѓе низ целиот свет. Постои еден податок кој вели дека 54 отсто од граѓаните испитаници од земји членки на Европската Унија немаат редовна физичка активност, додека 44 отсто имаат умерена физичка активност како можност за одржување на здрави животни навики (во текот на неделата), но факт е дека во сето ова активни чинители се и жените и мажите, но и припадници на различни старосни генерации. Спортот и физичката активност се начин на живот или филозофија на живеење. Што се однесува до користењето на спортот и физичка активност како можност за градење на здрави животни навики во Македонија нема јасен показател, односно релевантни истражувања кои ќе дадат реална слика за тоа колку и дали нашите граѓани се занимаваат со спорт и физичка активност за подобрување на сопственото здравје. Во овој сегмент, од аспект на младите, има недостаток на информации и статистички показатели.

За сега единствениот документ кој се однесува на унапредувањето на состојбите во оваа област е Програмата за развој на спортот во Македонија и внимавајте за периодот 2013-2017 а сега сме 2025 година а тоа значи дека нешто помалку од 10 години нема мрднато ништо на овој план. Имавме Агенција за млади и спорт сега имаме Министерство за спорт, но очигледно е дека не е до институцијата туку до човечкиот фактор кој раководи/дел со овие институции. Политичката стратегија на сите политички партии е да играат на карта на емоции и за директори и министери на институциите поврзани со спорт да поставуваат врни спортски имиња, ОК нека е така, но за жал нема испорачување на разултати како институција освен желбата кај нив да дистрибуираат финансии преку спортските федерации до спортските клубови и преку тоа да имаат влијанија над политиките на спортските федерации и спортските клубови. Се прашувам оти за Министер за одбрана не се поставува најдобриот професионален војник или за Министер за внатершни работи не се постави најдобриот одликуван полицаец, и веднаш ќе си одговрам оти таму постојат правила на поставување на личности на тие институции и мораме како држава да се држиме до тие правила, а тоа е да бидат поставени политички не стручни лица кои имаат задача пред се да водат политика и да прават компромиси, а не да пукаат и да се однесуваат како шерифи. Па според тоа, време е за министер во ресорот спорт да се постави политичка личност која ќе има обрска да го етаблира тој систем и да го постави на здрави нозе.

Би сакал да го потестам нашиот премиер г-дин Мицковски дека тоа беше еден од неговите силни агрументи заедно со новото Министерство за енергетика за воведување на два нови политички системи кои треба да донесат нова додадена вредност за нашата држава, но и беше заклучок на најоглемиот спортски самит во регионот “Денешен спорт“ да се реактивира идејата за Министерство за спорт. За енергетика сум дунстер, подалку од тоа, но за спорт апсолутно имам морално и секакво друго право да пишувам и кометирам. Време е премиерот како што имаше храброст да го воведе Министерството за спорт за кое сум сигурен дека после година и некој месец постоење нема ништо позначајно допринесено, освен дистрибуција на субвенциите (форма на финансиска помош за домашниот производ) и забрана на познатите спортисти да не ги рекламираат спортските обложувалници и казина во државата. Парадокс е тоа да имате Министертво за спорт а при тоа истата институција да нема еден спортски објект низ цела територија на Македонија под свое владение, а период од година и кусур е сосема доволно да се наметне таа институција во однос на менаџирање со спортските објекти, откако се затвори (корумпираното) Јавно претрпијатие за стопанисување со спортски објекти и најголем дел на спортските објекти отидоа под владение на општините, освен големите спортски објекти. Затоа премиерот после изборите мора да направи сериозна анализа за не(постигнатите) резултати од ресорното министерство за спорт и да превземе конкретен чекор, а тој си знае најдобро каков чекор. Наспроти тоа, во екот на локалната кампања јас сум убеден дека спортот и физичката активност треба да се постават високо на агенда на секоја политика партија, на секој еден кандидат за градоначалник, оти во реалност градоначалниците ги финансираат најголем дел од спортските клубови (иако не би требало да го прават тоа) туку тие имаат законска обврска да финансираат манифестации од општествен карактер каде припаѓа спортот и физичката активност.

А во контекст на тоа министерот за спорт треба да е ударна песница за промовирање на спортските политики не само од аспект на професионализам во спортот туку од аспект на градење на здрави животни навики преку спортот, кои ќе имаат и позитивен ефект над здравствениот систем, но веројатно професионален спортист како професионален политичар не дава резултати, а во спортски жаргон кажано ако немате резултати мора да има промени, затоа еве една насока од мене до надлежните: спортувањето и физичката активност се превенција (заштита), додека медицината е репресија (скротување).
Ако не е во состојба ресорното министерство да ги превземе ингеренции над спортот и спортските објекти во целина тогаш е време за денцентализација на спортот, а тоа значи комплементирањето на мерките и активностите со цел низ создавање компатибилен концепт да се подигне оперативноста од заедничкото делување на сите субјекти кои се чинители на единствен спортски систем со единиците на локалната самоуправа во насока на обезбедување услови и системски мерки за поддршка на спортистите, спортски клубови и традиционални спортски манифестации, е процес кој имплицитно квалитативно се одразува врз развојот на спортот.

Во изминатиот период, повеќе субјекти во Македонија имале обврска да дадат свој прилог во интензивирање на процесот на децентрализација што, аналогно, се однесува и на проблематиките поврзани со спортот. Децентрализацијата во спортот претставува сложен процес каде секој повикан субјект го понесува својот дел од товарот со цел на граѓаните од сите возрасни категории и социјални структури да им се овозможи и понуди вклученост како во спортот како дејност, така и во рамките на спортско рекреативните активности, сè со цел да се подигне квалитетот на нивното живеење, како предуслов за достигнување на придобивките одразени низ параметри од кои произлегуваат атрибутите за постоење на здрава нација. Затоа улогата на државата и нејзиниот придонес во таа смисла треба да се насочи кон подобрување на законската регулатива и механанизмите по тој однос со што ќе се осигура реално пренесување на соодветните надлежности на единиците на локалната самоуправа. Надлежностите кои согласно постојната законска регулатива се пренесени на единиците на локалната самоуправа, се однесуваат на: развој на масовниот спорт, реализација на училишниот и универзитетски спортски ситем, спорт и спортско-рекреативни активности за лицата со попреченост, организација и поддршка на традиционални спортски натпревари и спортски настани, поддржување систем на спортски натпревари на локално ниво, и класифицирање, управување и грижа за спортските објекти, планирање и изградба на нови, современи спортски објекти, определување рекреативни зони за масовно спортување и слично.