Skip to main content
Македонија

Министерот за правда Филков има слаби перфоманси, смета Милошоски

01/04/2025  20:07

Министерот за правда има слаби перформанси, порача вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва во емисијата Топ тема на телевизија Телма коментирајќи ја работата на министерот за правда и дел од владината коалиција ЗНАМ, Игор Филков.

„Ова е мој личен став… Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските кои што ги има преземено за реформите во правосудството“, вели Милошоски.

Тој додава дека има навистина слаб придонес од страна на Филков.