Министерот за здравство Арбен Таравари за 2024 година здравството го оцени со осмица.
Тој посочи дека како посебен момент за претходната година се зголемувањето на платите и новите 1.117 вработувања, старот на работа на новите компресорски станици, старите ќе се поправат како резерва варијанта. Таравари најави нов план во делот на запишување на специјалистички студии рамномерно во оние ресори каде има дефицит, тоа се патолози, радиолози, инфектолози. Исто така во оние градови каде има блиску болници најави дека ќе спојувње на дејности да не се повторуваат во болниците исти специјализации. За почетокот на 2025 година најави и промена на дикректорски позоции.
„Оние директори кои се добри ќе бидат пофалени, но оние што имаат слаби резулатати ќе бидат сменети“, изјави Арбен Таравари.
Денеска на клиниката за психијатрија се отвори новиот прв кат, а директорката на клиниката Арсова објасни дека во склоп на дневната болница веќе функционира Кабиент за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет зависност, злоупотреба на алколол и психоактивни суптанци. Амбулантите на „Мој термин“ и понатаму ќе функционираат прва и втора смена во Тафталиџе.
Приоритет остануваат болниците Штип и Кичево, за кои активно работиме на меѓувладин договор со заинтересираните страни. Во однос на законодавството се очекува усвојување на новиот закон за лекови.