Skip to main content
Македонија

Министерот Таравари вели кризата со онколошки лекови ќе биде решена до крајот на неделава

27/01/2025  13:45

Проблемот со биолошката терапија во Онкологија ќе биде решен до крајот на оваа недела, потврди министерот за здравство Таравари.

Дефицитот на овие лекови според директорот на Фондот за здравствено осигурување Клековски дел ќе биде решен со донации, дел со анекси на договорите во јавните набавки.

Меѓувреме и Таравари и Клековски се согласни дека е неопходна децентрализација на здравството.