Skip to main content
Македонија

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

23/05/2025  23:11

Актуелниот министер во Владата, Шабан Салиу, излегува од притвор откако мерката му е заменета со мерки на претпазливост, објави „Фокус“.

Салиу беше приведен на 24 април 2025 година по налог на Обвинителството, под сомневање за неправилности поврзани со неговото раководење со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во периодот од 2008 до 2017 година. Предметот е дел од пошироката истрага за трагедијата што се случи во Кочани.

Додека истрагата продолжува, Салиу ќе се брани од слобода.