Skip to main content
Македонија

Министерот Муцунски денеска во Лондон ќе ја потпише Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

17/07/2025  11:03

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во повеќедневна посета на Лондон, Обединетото Кралство.

Во рамки на посетата, денес ќе оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

По средбата, предвидено е да биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Оваа декларација има за цел да ги зајакне стратешките билатерални односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст.

Целта на посетата е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.