
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79.148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари, за облека и обувки 5.800 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари. За лична хигиена и одржување на хигиена во домот треба да се одвојат 2.195 денари, за здравје 1.135 денари, за транспорт 4.844 денари.
За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари за рекреација и култура 4.592 денари, за образование 7.036 денари, за ресторани и хотели 4.131 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.
Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.471 денар.
Владата веќе работи на реална потрошувачка кошничка, но засега не се знае кога таа ќе се официјализира. Потребата за официјална потрошувачка кошничка беше утврдена откако на седница на Економско-социјалниот совет беше изразено сомнение методологијата на нејзината пресметка.