Skip to main content
Македонија

Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк!

02/04/2025  12:13

Почитувани браќа и сестри, 1080 на број, колку што има функционери и колку што сме денеска, ви благодарам за поддршката. Следниот пат ќе бидеме 3000, а потоа 30.000! — рече првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, на денешниот протест со цел зголемување на минималната плата на ниво од 500 евра.

платено политичко рекламирање

Трендафилов најави дека повторно ќе ги повика работниците, но и политичките партии, да не добиваат политички поени и сите заедно да застанат зад изгласување на поголеми плати и достоинствени услови за работа.

Протестот започна од Работничкиот дом, продолжи пред Собранието и Стопанската комора и заврши пред Владата. На јавната седница на Собранието на ССМ, едногласно беше донесена одлука целата Влада и сите функционери да бидат на минимална плата.

„ССМ и органите и телата ви донесоа одлука сите вие на минималец. Доколку не ја почитувате, можен е генерален штрајк. Ако не ги зголемите платите на работниците, ќе следат нови протести!“ — порача Трендафилов.

Тој ја повика Владата да ја тргне поддршката од партиските синдикати кои спречуваат протести и да ги слушне гласовите на граѓаните. Истакна дека протестот не е за рушење на Владата, туку за притисок за зголемување на платите и подобри работнички права.

На почетокот на протестот, пред Работничкиот дом, работниците со едноминутно молчење им одадоа почит на трагично загинатите во Кочани.

Работниците заслужуваат достоинство и правда!