Skip to main content
Македонија

Минчев направил лапсус, не зборувал за Законот за јазици, туку за правична застапеност

27/10/2025  10:24

Во врска со објавените интерпретации на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев, појаснуваме дека во гостувањето на Дневникот на Сител, министерот не мислеше за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност во јавниот сектор, кој е во завршна фаза на подготовка и испратен до Венецијанската комисија на мислење.

Станува збор за очигледен лапсус, техничка грешка во изразувањето, кој дел од медиумите го пренесоа. Се извинуваме за настанатата грешка и за евентуалните недоразбирања што можеле да произлезат од неа, се вели во соопштението од МЈА