Skip to main content
Хроника

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

25/01/2026  20:37

Денеска, иако е недела, повторно се изврши конфискација во добро координирана акција на МВР Струмица, шумската полиција од Струмица и екипите на „Национални шуми“. Според статус на Кире Михаилов, заменик-директор на „Национални шуми“, беа одземени пет запрежни коли натоварени со огревни дрва и други материјали, со кои се вршела нелегална сеча и пустошење на шумата.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат поднесени пријави против сите лица затекнати при нелегалниот превоз на дрвните сортименти.

„Реков – нема застанување! Пред лицето на правдата ќе бидат спроведени сите оние кои работат спротивно на законот“, истакна Кире Михаилов.

ЛИНК до видео