Skip to main content
Хроника

Мигранти под закана со оружје биле држани во подрум во Студеничани – полицијата ги ослободи

24/03/2025  20:14

Попладнево во скопското Студеничани се случила вистинска драма.

MK Summit

Преку електронска порака на мејл мигранти побарале помош од Основното јавно обвинителство, бидејќи биле држени во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје.

Полицијата веднаш реагирала. Испратени се интервентни екипи од СВР Скопје и од единицата Тигар.

Направен бил преглед на двата посочени објекта и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени 6 мигранти. Приведени се 7 македонски државјани, кои во моментот биле во објектот, за кои дополнително ќе се врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности.

Од страна на службите се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.