Skip to main content
Хроника

Мигранти од Сирија и Египет пронајдени во Македонија

30/03/2025  16:12

На 29.03.2025 во 20:00 часо на автопатот А1, во близина Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен проверки Богородица забележале патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки во кое имало мигранти и кое не застанало на знак за запирање.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на патот помеѓу селата Војшанци и Пепелиште, неготинско и во него била пронајдени шест лица мигранти, од кои по три од Сирија и Египет.

Мигрантите биле пренесени во прифатен центар и за настанот бил известен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.