Skip to main content
Македонија

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија: Воз му ја прегазил ногата

06/04/2026  19:57

Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи во воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 5 април 2026 година во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија. Несреќата се случила на локацијата позната како „Подвозник“, каде што, според пријавата, мигрантот се обидел да се качи во воз кој веќе бил во движење, по што паднал и завршил под тркалата.

Повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од МВР наведуваат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, додека увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.