Skip to main content
Македонија

Мицкоски заедно со Кошта отпатува во Тиранa

15/05/2025  17:01

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Антонио Кошта во Скопје, заедно отпатуваа во Тирана, Албанија, каде ќе учествуваат на самитот на Европската политичка заедница.

„Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер со добри вести за Македонија.“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.