Skip to main content
Македонија

Мицкоски во САД: Преку средби со американски бизнисмени за унапредување на соработката и инвестициите

20/01/2025  16:50

За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Претседателот на Владата Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл” групацијата.

На средбата се разговараше за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓудругото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат.

Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас.”, истакна премиерот Мицкоски.

Меѓудругото Претседателот на Владата Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таму претседателот на Владата Мицкоски оствари разговори со повеќе високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како што е новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки.

За средбата со еден од највлијателните американски новинари Такер Карлсон, Мицкоски истакна дека тоа можност за размена на мислења и ставови за државата и регионот.

Воедно за средбата за спортскиот гигант Патрик Бет Дејвид премиерот Мицкоски истакна, спортот знае да обединува. Добра прилика за размена на ставови за спортот и она што преставува пасија за многу луѓе.

Денес Претседателот на Владата Мицкоски оствари средба и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

За средбата Мицкоски истакна: 

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.”, посочи Мицкоски.