Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

04/04/2026  19:30

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија има доволно нафтени деривати и нема потреба од ограничувања во моментов. Тој додаде дека иако ограничувања не се потребни, има зголемена потрошувачка, пред се поради тоа што голем дел од граѓаните од соседните земји доашаат да точат гориво кај нас.

-Во моментов немаме никакви индиции дека би имало потреба од ограничување од аспект на волумен како што направија некои земји од ЕУ. Не само што тоа не го правиме, туку голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите со гориво. Зголемена е потрошувачката. Ако во првиот месец беше 10 проценти сега веќе е 15 проценти, рече Мицкоски и додаде дека сега за сега нема потреба од вовдување на некои од препораките за штедење по примерот на ЕУ бидејќи има доволно количини на горива.

Од понеделник, како што рече, се очекува бензините да бидат со цена од 1,32 до 1,37 евра, а нафтата да биде меѓу 1,5 и 1,53 евра за литар.