
Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во Минхен се сретнал со делегација на унгарската компанија 4IG.
4IG треба да биде новиот мобилен оператор во Македонија најавувајќи дека во земјава ќе инвестира над 100 милиони евра.
Инаку, Мицкоски пред само десетина дена имаше средба со истата компанија, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, па се се поставува прашањето што толку се променило за да има две вакви средби во неполн месец.
Минхен е домаќин на Безбедносната конференција на која лидерите на Западниот свет ќе разговораат околу состојбите со војната во Украина, но и односите помеѓу Европа и САД.

