Skip to main content
Македонија

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

03/08/2025  21:23

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” Скопје.

Инвеститор на овој проект е Министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари.

По завршувањето на инвестицијата, спортската сала ќе биде дадена на трајно користење на Министерството за одбрана, за тренинг на питомците на Воената Академија, но ќе бидат обезбедени термини и за учениците и жителите на Општина Аеродром.