
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека доколку се забележи неконвенционално однесување во однос на цените на прехранбените производи, ќе интервенираат како Влада.
Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Владата рековме дека трикови нема да толерираме, но исто така, не мислам дека е сезонско овошје – јагоди, цреши, лубенци за овој период од годината – изјави денеска Мицкоски во однос на синдикалната потрошувачка кошничка.