Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, залихи има доволно

05/03/2026  21:06

Премиерот Христијан Мицкоски одржа средба со претставници на нафтената индустрија, на која се разговараше за актуелната состојба со нафтените деривати во земјата, во контекст на глобалните случувања и кризата на Блискиот Исток.

По состанокот, Мицкоски информираше дека заклучокот е оти нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола, објави 4news.mk Тој нагласи дека залихи на горива има и дека потребите на пазарот се целосно задоволени.

„Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби“, порача премиерот во објава на социјалните мрежи, додавајќи дека Владата останува во континуирана комуникација со надлежните и со индустријата.