Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел

16/06/2025  13:52

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел.

„Секодјевно сум во комуникација со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и се прави план за евакуација на заробени македонски граѓани. Ќе биде ангажиран и владиниот авион да бидат пренесени во некоја од соседните земји, најверојатно во Египет. Во моментов се девет граѓани, и очекувам до утре да заврши евакуацијата“, рече Мицкоски.