Skip to main content
Македонија

Мицкоски со предлог подметнувањето пожари да се оквалификува како тероризам

16/09/2025  14:40

Законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, предлага премиерот Христијан Мицкоски.

Тој информираше дека веќе разговарал со координаторот на неговата пратеничката група за итно менување на Законот со што подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години.

Мицкоски истакна и дека досега се идентификувани дваесетина лица за кои постојат основани сомневања оти стојат позади пожарите и дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните во предизборието.