Skip to main content
Македонија

Мицкоски со обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција во Вашингтон

20/02/2025  19:31

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.

Мицкоски на Фејсбук објави видео од организаторот на конференцијата со кое се најавува неговото.

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон, ќе има обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција.

На тридневниот состанок на конзервативците, како што објави Гласот на Америка, ќе се обратат американскиот претседател Доналд Трамп и политичари од Аргентина, Велика Британија, Полска и Италија.

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја води Конференцијата за конзервативна политичка акција, а другите сесии ќе вклучуваат дискусии за криптовалутите и мирот на Блискиoт Исток, како и панел со роднини на заложниците кои се држат во Газа.

Покрај претседателот на Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон, на агендата денеска се и поранешната британска премиерка Лиз Трас и политичкиот директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Предвидено говори да имаат и словачкиот премиер Роберт Фицо, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони

Претедателот на македонската Влада, Мицкоски, кој во Вашингтон е придружуван од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, синоќа имал средба со Александар Касаноф, заменик помошник секретар за Западен Балкан во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, на која станало збор состојбата во државата, за европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план, како и за реформската посветеност на Владата и фокусот на клучните области.

Станало збор и за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на регионалната безбедност, економската соработка, доброто владеење и демократијата.

На средбата заеднички е потврден интересот за одржување континуитет во политичкиот дијалог и зацврстување на билатералните односи помеѓу двете земји, преку засилена комуникација и институционална соработка, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и преку продлабочена соработка и партнерство во рамки на НАТО алијансата.