Skip to main content
Македонија

Мицкоски со моќна божиќна порака

07/01/2026  11:04

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка до сите православни христијани по повод Божиќ, нагласувајќи дека овој голем празник е потсетник за суштинските вредности – семејството, верата и солидарноста. Во своето обраќање, премиерот истакна дека патот кон стабилна држава води преку здрави семејства и грижа за најмладите.

Премиерот Мицкоски упати честитка до православните христијани по повод Божиќ. Нагласи дека овој праззник е потсетник за суштинските вредности како што се семејството верата и солидарноста.

,,Во време на брзи промени и многу предизвици, овој празник нè повикува да застанеме, да размислиме и да се вратиме кон вредностите што нè одржале: солидарноста, заемната грижа и одговорноста кон ближниот. Посебно место имаат семејствата и децата. Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија. Децата заслужуваат сигурност, внимание, воспитување и средина во која ќе растат со јасни вредности, чувство на припадност и надеж. Нашата обврска е да создаваме услови во кои секое дете ќе има шанса за достоинствен живот, а секое семејство поддршка и почит.”

Мицкоски истакна дека и овој празник е потсетник за важноста на единството.