
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитки до германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) за значајната победа на изборите.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, порача Мицкоски.