Skip to main content
Македонија

Мицкоски предупредува: Софија сака да го избрише македонскиот идентитет со политика на асимилација

01/06/2025  16:09

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на обидот на европратеник од бугарската партија ГЕРБ да го дефинира македонскиот идентитет само како „сегашен“, што според него е јасен знак на продолжување на политиката на асимилација од Софија. Мицкоски истакна дека ваквите амандмани ја потврдуваат тезата дека македонскиот идентитет се гледа како производ на политички одлуки, а не како историска и културна реалност.

Тој посочи дека Македонија нема да одговори со иста остра реторика, туку ќе продолжи да повикува на добрососедски односи и почитување на идентитетот.

„Не смееме да дозволиме македонскиот идентитет да биде избришан или редуциран на политички амандмани“, рече Мицкоски.

Премиерот го повика Европскиот парламент и политичарите во Брисел внимателно да ги слушаат пораките што доаѓаат од Софија и да проценат дали тие се во духот на европските вредности, потенцирајќи дека суштината е обид за асимилација на македонскиот народ