Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Победа во над 30 општини, Орце води убедливо во Скопје

20/10/2025  00:01

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва по првиот круг од локалните избори прогласи голема победа на партијата, најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ победила во над 30 општини уште во првиот круг, а дека кандидатот Орце Ѓорѓиевски има убедливо водство во Скопје.

„Ветивме победа, имаме победа! Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку почеток на новата македонска енергија“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека оваа победа е резултат на достоинствена и позитивна кампања, без навреди и омраза, и дека довербата што ја добиле од граѓаните е обврска, а не награда.

„Вечерва не славиме, туку се подготвуваме да работиме. Вистинската победа ќе биде кога секој човек ќе каже: ‘Да, вредеше’. Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг, вклучувајќи ги и Струмица, Делчево, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес и Радовиш“, рече Мицкоски.

Тој ги отфрли тезите за нерегуларности како „плитки алиби за слаб резултат на опозицијата“ и порача дека „вистинската промена треба да се заокружи во вториот круг“.

„Орце има огромно водство во Скопје и таму извесен победник е Орце во вториот круг“, додаде Мицкоски.