
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
Мицкоски од Брвеница испрати порака дека сите кои и мислат добро и работат за иднината на Македонија имаат поддршка од него и Владата без разлика на етничката, верската и политичката определеност и повика граѓаните на Брвеница да дадат поддршка за кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски и на 2 ноември и да заокружат број 9.
„Денес сум во Брвеница да испратам порака, мојата лична поддршка и поддршката на Владата ја имаат сите оние кои работат на иднината на оваа наша заедничка Македонија без разлика на етничка верска и политичка припадност. Секој оној кој зборува за иднината на Македонија е добредојден мој соговорник секој кој зборува за поделби, посебно етнички поделби не само што не е добредојден мој соговорник туку тој не му мисли добро ниту на македонецот ниту на албанецот ниту на сите други останати делови на народи кои се наши сограѓани во Македонија. Јас сум убеден дека тоа ќе биде препознаено овде во Брвеница и масовно ќе биде отфрлено од жителите на општина Брвеница, бидејќи тие знаат да препознаат кој изминатите 4 години се грижеше без да прави било какви поделби во општина Брвеница, ниту по етничка ниту по верска ниту по политичка припадност, а ние како Влада покажавме со инвестиции и договори од половина милијарда евра во сите општини без разлика дали се леви или десни, дали се провладини градоначалници или од опозицијата градоначалниците, секаде подеднакво под ист критериум инвестиравме, така се гради соживот така се гради заедничка држава и така се оди напред, со поделби може само да уназадуваме“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски го коментираше и против кандидатот на Јовица Илиески каде истакна дека таков речник е недозволив за 21 век.
„Јас со жалење го слушав сето она што против кандидатот на Јовица го кажуваше во една егзалтирана состојба, не знам дали беше тоа специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка. Направи голема грешка пред се за кандидатите, од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Струга, во Дебар и во одредени други општини, така што толку себичен потег од политичар до сега поновата историја Македонија не видела. Да влегува и мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати кои исто така се борат во вториот круг за градоначалнички мандат навистина со жалење. Исто така изминатите денови со влијателни претставници на меѓународната заедница зборувавме многу сериозно бидејќи тоа стигнало и до нив така што и тие гледаат со големо жалење и просто со неверување тоа што го слушаат, дека некој во 21 век може да користи таков речник“ кажа Мицкоски.

