Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Од 1 февруари официјално стартува „Безбеден град“

18/01/2026  15:57

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Тој беше прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект.

„Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември“, истакна Мицкоски, додавајќи дека бројот на дневни прекршоци е намален од сто илјади на само неколку илјади.

И покрај најавите за старт на 1 февруари, останува неизвесноста околу поддршката на дел од опозицијата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претходно побара гаранции преку амандмани за да ги поддржи измените на Законот за прекршоци. Мицкоски, пак, вели дека е логично да има усогласувања во првите три до шест месеци.

„Никој веднаш кога го имплементирал овој проект не бил перфектен 100 отсто. Логично е во следните три до шест месеци да имаме одредени усогласувања. Но, исто така, она што, ќе повторам, мене ме прави среќен е што хуманиот аспект од овој проект ние го постигнавме, а тоа е помалку жртви како резултат на сообраќајни незгоди“, порача премиерот.