
Премиерот Мицкоски очекува во понеделник Регулаторната комисија да соопшти помали цени за бензините, и непромената или минимално зголемена цена за дизел горивата.
„Очекувам во понеделник намалување за 2 денари на безоловните бензини, и иста цена или минимално за половина денар зголемување на дизелот. Намалување на ДДВ-ти директно имплицира позитивен ефект“, рече Мицкоски.
Тој рече дека и натаму не размислуваат на рестрикции и на забрани.
„Немаме потреба од рестрикции и забрани засега. Имаме доволно количина. Ја следиме состојбата и ќе реагираме“, дополни премиерот.
