Skip to main content
Македонија

Мицкоски нема да поднесе кривична пријава за Османи за „продавање на македонскиот индентитет“

19/05/2025  22:03

Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го обвинуваше ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи за „продавање на македонскиот идентитет“ и велепредавство, сега одговори на новинарско прашање дали ќе покрене случај против него.

Мицкоски рече дека тоа е работа на Обвинителството и дека тој нема намера лично да презема било какви чекори. „Ако некој треба да реагира, тоа е Обвинителството. Тие се независни и нив треба да ги прашате дали е прекршен закон или Устав“, рече премиерот.

Претходно, Мицкоски го обвинуваше Османи дека со преговорите со соседите и ЕУ, прифатил услови кои го загрозуваат македонскиот идентитет, но дека Македонија ќе мора да ги плати тие компромиси за да може да продолжи по европскиот пат.