Skip to main content
Македонија

Мицкоски на средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини: Разговори за соработки и иницијативи со светски визионери

12/05/2025  14:17

Премиерот Христијан Мицкоски информираше преку својот Фејсбук профил дека денеска остварил средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини, при што се разговарало за идеи, потенцијални соработки и заеднички иницијативи.

„Имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини, двајца исклучителни луѓе со силна визија, страст и желба за позитивна трансформација“, напиша Мицкоски.

Тој истакна дека Џанкарло Девасини, како сопственик на Tether (USDT), е еден од највлијателните луѓе во светот на криптовалутите и дека неговата посветеност кон иновациите и глобалниот развој е инспиративна.

„Благодарни сме за нивната поддршка, визија и вербата во македонскиот потенцијал. Ваквите средби се потсетник дека со вистинските луѓе, сè е можно“, додаде премиерот.