Skip to main content
Економија

Мицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на нафтата, утре средба со сопственици на маркети

10/03/2026  12:38

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека утре ќе се сретне со сопственици на синџири маркети, додавајќи дека Македонија се уште има најевтини горива во регинот.

„Факт е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа можеби во моментот е добро, но, од друг аспект, во делот на пограничните општини и посебно бензиските пумпи во пограничните општини, се создава притисок од соседството бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел и затоа се случува на некои бензински да снема гориво. Сепак тоа брзо се надоместува“, вели премиерот Христијан Мицкоски за ситуацијата со нафтените деривати во земјава и порастот на цената што се случи од ноќеска по одлуката на РКЕ.

Премиерот информира дека утре ќе има средба со сопствениците на ланците супермаркети во земјава. Вели дека ќе побара од нив „да не се користи притисокот за веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните“. Посакува да не дојде до тоа да Владата да преземе друг тип на офанзивни мерки.

-Очекувам тие да имаат фер однос кон граѓаните, за и ние како Влада да бидеме фер кон нив односно заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните, кажа Мицкоски.