Skip to main content
Скопје

Мицкоски ќе присуствува на отварање на детска градинка ,,Сонце”

04/01/2026  10:49

Прeмиерот Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на официјалното отворање на новата детска градинка „Сонце“ во општина Сопиште. Новиот објект има капацитет за згрижување на 84 дечиња.

Според информациите од владината прес-служба, локацијата на градинката е стратешки избрана за да ги опслужи жителите од населените места Долно и Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци.

„Објектот е со вкупна нето квадратура од 362 м2 поделена во три занимални, дел за манифестации, административен дел, како и помошно технички дел. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедни од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади во висина од 21.000.000,00 денари“, информираат од владината прес-служба.