
Директоро на Инспекторатот за употреба на јазиците Арсим Идризи пред неколку дена одби на новинарите да им одговори на македонски јазик и им порача да го чекаат преводот, бидејќи и таа институција треба да има преведувач, па ваквото однесување го разлутило и премиерот. Како што истакна, Мицкоски раговарал со него и тој не верува дека тоа ќе се повтори, но потенцира дека ќе го разреши директорот ако тоа се повтори.
“Ако мислите на моментот кога во рамките на Парламентот, директорот не се обраќаше на македонски јазик, јас разговарав со него и не очекувам дека тоа ќе се повтори. Ако се повтори ќе биде разрешен” – рече Мицкоски.
Вицепремиерот Иван Стоилковиќ во телевизиско интервју најави дека Владата ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. На прашање зошто Идризи не го користи македонскиот јазик во јавните настапи, Стоилковиќ рече дека „во вторник, на идната седница на Владата, 99% сигурно ќе биде разрешен“.
Тој во емисијата „На кавга со Иван“ рече дека лично на Влада ќе поднесе иницијатива Идризи да биде разрешен бидејќи го крши законот којшто треба да го штити.
Минатата недела, Идризи на новинарски прашања одговараше само на албански јазик, а на медиумите на македонски јазик им порача дека „после ќе им преведат“.