
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека партијата Вреди нема да добие нов дополнителен ресор во најавената реконструкција на владата. Иако претходно најави дека кадровските решенија ќе ги достави до крајот на неделата, тој појасни дека тоа ќе биде направено до понеделник.
Мицкоски повтори дека „нема впечаток за несогласувања“ во Вреди околу изборот на кадри и, иако не откри конкретни имиња, рече дека дел од оние што веќе кружат во јавноста многу веројатно ќе се најдат во кабинетот.
На прашање за евентуални предвремени избори, Мицкоски изјави дека политички би им одговарало избори следната година, но дека шансите за тоа се мали. Според него, владата останува фокусирана на извршување на програмата, особено во делот на економијата.

