
Никој не треба да биде загрижен дали „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД ќе го добие својот крај и разрешница. Секако дека ќе дојдеме до тоа. Наводите и инидициите се навистина лоши, но да почекаме да заврши истрагата и до го собереме досието целосно да биде па за да можеме да ја информираме јавноста, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски.
-Чувствителни се информациите и не би сакал да излегувам со некомплетна слика. Претседател на Влада сум и кога ќе ја информирам јавноста треба таксативно и хрионолошки да биде наведено се. Институциите работат и се разбира дека истражуваат. Кога ќе имаме комплетно досие тогаш ќе излеземе во јавноста – дали ние, дали Обинистелството дали некои други институции. Сакаме да бидеме Влада која е транспарентна и ќе ја информираме јавноста, рече Мицкоски во гостувањето на МРТ
