Skip to main content
Македонија

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

13/08/2025  22:56

Премиерот Христијан Мицкоски имал пријателска вечера со основачот и извршен директор на платформата Rumble, Крис Павловски, кој овие денови престојува во својата родна Преспа.

Во објава на социјалните мрежи, Мицкоски истакна дека со Павловски разговарале за перспективите и иднината на Македонија, како и за начините за искористување на сите можности кои би донеле развој и просперитет за македонските граѓани.

Компанијата „Рамбл Клауд“ неодамна отвори подружница во Македонија. Според информациите објавени од „Призма“, фирмата е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а управители се самиот Павловски и неговиот деловен партнер Брандон Александрофф.