
И покрај тоа што е недела, работата на терен не запира – порачa градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, по денешниот увид во градежните работи за новата градинка во населбата Расадник, заедно со премиерот Христијан Мицкоски.
„Обврските кон народот не познаваат ден, ниту час. Кога работиш со љубов за својот народ и за својата татковина, секој проект добива поголемо значење и станува темел на иднината што ја градиме за нашите деца,“ истакна Ѓеорѓиевски.
Новата градинка ќе се простира на површина од 800 квадратни метри и ќе има капацитет за 120 деца, со вкупно шест занимални, од кои две ќе бидат за јасли. Со тоа, како што нагласи градоначалникот, долгата листа на чекање од над 400 деца, која ја затекнал при стапувањето на функцијата, сега е сведена на нула, што ќе овозможи згрижување на деца и од други општини.
„Време е Скопје повторно да заживее, да ја врати гордоста и достоинството што го заслужува. Чекор по чекор, со визија, одлучност и силна верба во подобро утре,“ додаде Ѓеорѓиевски.