Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Градоначалникот Папазов без никаква одговорност, но со доблест поднесе оставка

17/03/2025  14:13

Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека Папазов постапил доблесно, иако, според него, немал никаква одговорност за несреќата.

„Градоначалникот без никаква одговорност е доблесен и поднесе денеска оставка бидејќи ништо не зависи, во овој случај, од него“, истакна Мицкоски.

Оставката на Папазов доаѓа откако вчера, во текот на целиот ден, не одржа прес-конференција ниту јавно изрази сочувство кон семејствата на загинатите и повредените. Денеска, тој преку статус на Фејсбук објави дека поднесува неотповиклива оставка, но без дополнителни објаснувања.

Очекувањата се дека неговата оставка ќе отвори политички дискусии за одговорноста на институциите и мерките што треба да се преземат за вакви трагедии да не се повторат.