Skip to main content
Македонија

Мицкоски го посети семејството и сопругата на Иле, возачот на Брзата помош во Кочани кој го загуби животот

22/03/2025  14:15

Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството и сопругата на возачот на Брзата помош во Кочани кој почина по напорната херојска работа спасувајќи млади животи од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

„Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани.

Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои!

Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме.

Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните.

Вечна ти слава, Иле“, напиша Мицкоски на Фејсбук.