
Политичарите мора да се фокусираат на енергијата и на вештачката интелигенција затоа што тоа е иднината на светот. Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото длеуваат интересно само за мала група луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска од настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје.
-Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото можеби делуваат интересно привлечни за мала група луѓе, но идните политичари мора да имаат предзнаење за вештачката интелигенција и енергијата бидејќи тоа се предизвиците во иднина. Романтичните идеи се за минатото, а ако сакаме да ги развиваме нашите општества мора да се грижиме за иднината, а вие сте решението за иднината, им порача Мицкоски на младите од сестринките партии на Европската народна партија кои во Скопје разговараат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики.
