Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Две милијарди денари за инвестиции во образованието

17/06/2025  12:40

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ветувањето за подобрување на инфраструктурата во образованието и активностите што се преземаат на тој план, изјави:

„Што се однесува до Министерството за образование, тука имаме инвестиции од околу 2 милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 кои се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома. Дел од билатералниот стратешки договор со Обединетото Кралство, изградба на нов медицински факултет во рамките на новиот клинички центар во Штип и студентски дом со 200 легла. И очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, но и почетокот на изградбата на комплексот на Универзитетот „Мајка Тереза”, изјави премиерот.